Пендаровски го прими Началникот на ГШ на норвешките вооружени сили, адмирал Брун-Хансен

Од:

Со идното членство на земјава во НАТО се отвораат нови можности за проширување на партнерството меѓу армиите на Норвешка и Северна Македонија, заклучија претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, и началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка адмирал Хакон Брун-Хансен на денешната средба во Скопје.

На средбата, информирааат од Кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете земји, особено за билатералната воена соработка.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за норвешката поддршка за нашата аспирација за членство во Алијансата, потврдена со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО од страна на норвешкиот Парламент во јуни.

Тој изрази очекување дека во наредниот период ќе биде завршена ратификацијата во сите држави членки на Алијансата и до крајот на оваа година земјава ќе стане полноправна членка на НАТО.

Северна Македонија, истакна претседателот Пендаровски на средбата, со својот придонес во мировните мисии на Алијансата, е активен поддржувач на мирот на глобално ниво и нејзиното зачленување во НАТО е одамна заслужено. Со полноправното членство во НАТО, додаде, ќе биде заокружена една од клучните стратешки определби на државата, што ќе придонесе за нејзиниот севкупен развој.

Би можело да ве интересира

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на вооружените сили Италија

Ана Ололовска

Пендаровски: Добрососедските односи еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот

Драган Поповски

Пендаровски на билатерални средби со претседателите на Литванија и Молдавија и со премиерот на Канада

Драган Поповски

Пендаровски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Ана Ололовска

Основци од Скопје беа кај претседателот Пендаровски

Драган Поповски

ВИДЕО: Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

Ана Ололовска