Пендаровски го посети завршниот час на обуката за онлајн асистенти на лицата со телесна попреченост

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на завршниот час на обуката на лицата со телесна попреченост за први онлајн асистенти во земјава на која се запозна со значењето и постигнатите резултати на платформата, а учесниците на обуките ги споделија своите импресии од стекнатите знаења и можностите за вработување.

На настанот, кој беше во организација на македонската компанија Бренд Солушн Дооел, а се одржа во канцеларијата на ЕУ, присуствуваа и заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Џулијан Васало и претставникот на Фондот за иновации и технолошки развој, Искра Лазарова.

Компанијата Бренд Солушн Дооел ја има креирано платформата „Бест онлајн асистент” за купопродажба на дигитални услуги која на едно место ги поврзува претпријатијата како купувачи на услуги и квалификувани лица со телесна попреченост како даватели на услуги. Преку оваа платформа, 10 лица со телесна попреченост се првите кои ја завршија 16-неделната обука и ќе бидат првите даватели на дигитални услуги. Со платформата им се овозможува директна промоција на талентите и способностите на лицата со телесна попреченост пред компаниите, а дополнително се зголемува и свеста во општеството за нивна инклузија.

Компанијата Бренд Солушн Дооел, оваа година стана единствен едукативен центар за маргинализирани групи и ранливи категории, за дигитални вештини и продажба во земјава со можност за доделување на сертификати верификувани од страна на Центарот за образование на возрасни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пендаровски даруваше крв на хуманитарен настан во американската амбасада во Скопје

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски станува соучесник во амнестијата за големите скандали

Пендаровски: Макрон никаде не вели дека никој од Западен Балкан нема да влезе додека ЕУ прави внатрешно преуредување

Катерина Ѓуровски

Пендаровски-Павел: Недвосмислена и отворена поддршка од Чешка за евроинтеграциите на земјава

Почна официјална посета на Пендаровски на Чешка

Пендаровски во официјална посета на Чешка