Пендаровски-Герберих: Од исклучително значење е градењето пријателски односи

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари проштална средба со германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих на која е реафирмиран ставот дека за земјава од исклучително значење е градењето на пријателски односи со Сојузна Република Германија, преку искрен и доверлив пристап.

Пендаровски се заблагодарил за силната и отворена поддршка што Германија и ја дава на земјава во остварувањето на нејзините стратешки цели и изразил задоволство што токму во мандатот на амбасадорот Герберих е реализирана една од нив, односно членството во НАТО, а донесена е и одлука од страна на Европскиот Совет за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изразил очекување и за натамошна силна германска поддршка во реформските напори на државата, во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија.

Двајцата соговорници оцениле дека двете држави имаат одлични билатерални односи, како на политички план, така и во повеќе други сфери од заеднички интерес, како што се одбраната и безбедноста, економијата и образованието. За Северна Македонија, истакнал претседателот Пендаровски, од особено значење е фактот што Германија е на врвот на листата на најголеми трговски партнери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска

(ВИДЕО) Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е изборот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот

Горан Наумовски