Пендаровски-Гаши: Конструктивен политички дијалог за реализација на реформската агенда

Од:

Потребата од конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Република Северна Македонија, во функција на реализација на реформската агенда, а со цел напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции, било во фокусот на средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, укажа дека сите политички субјекти треба да дадат свој придонес во периодот кога Република Северна Македонија очекува одлука за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Претседателот на Алтернатива, Гаши упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, стои во соопштението на претседателскиот Кабинет.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on