Пендаровски до учесниците во Охрид Ултра-Треил: Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух

Од:

Претседателот Стево Пендаровски упати порака до учесниците и организаторите на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил, што ќе се одржи од 18 до 20 септември во Националниот парк „Галичица“ и охридско-преспанскиот регион.

Посакувајќи успех во реализацијата на трката, како што соопшти неговиот Кабинет, претседателот Пендаровски во пораката оцени дека нејзиното одржување, и покрај предизвиците поради пандемијата од Ковид-19, говори за истрајноста, за тимскиот дух и за солидарноста на учесниците и на организаторите на настанот.

-Поради мерките за справувањето со пандемијата од Ковид-19, многу спортски натпревари во светот се одложени или откажани. Сепак, наместо да биде изговор за занемарување на спортот, здравствената криза е причина повеќе да вложуваме во спортската и физичка активност како предуслов за здрав живот. Колку поздрави поединци и заедници, толку постабилни општества и подинамични економии, се вели во пораката од претседателот Пендаровски.

Според него, спортските натпревари и трки, особено во време на физичка и социјална дистанца, можат да помогнат за градењето инклузивно и солидарно општество во кое ќе има место за секоја личност.

-Спортските вредности на почитување, ферплеј, еднаквост и пријателство ни се потребни повеќе од кога и да било порано. Тоа се позитивни вредности со кои треба да ги мотивираме сите генерации, особено нашите млади, вели претседателот Пендаровски во упатената порака.

Охрид Ултра-Треил е меѓународен спортски настан во природа што се одржува еднаш годишно во Националниот Парк „Галичица“ и охридско-преспанскиот регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!