Пендаровски: Дали Николовски како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ има донирано барем еден денар?

Од:

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата со години наназад донираат од своите лични примања на граѓани кои имаат потреба од материјална помош. Од денот кога платите на избраните и именуваните лица се покачија за 78%, претседателот Пендаровски како што вети, секој месец донира средства од својата плата, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

„До овој момент имаме прецизна евиденција за донирана сума во висина од над 500.000 денари за лекување на наши сограѓани, поддршка во обезбедување на здравствени услуги и медицинска терапија, помош на лекување на наши сограѓани во странство, образовни алатки и учебни помагала за ученици, компјутери за ученици, поддршка за матуранти, плаќање на режиски трошоци и други средства за социјално ранливи граѓани.

Бонус прашања за Александар Николоски: Дали тој како пратеник на ВМРО – ДПМНЕ има донирано барем еден денар од неговата за 78% зголемена плата и кому? Дали знае дали кој било пратеник на ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на ДПМНЕ имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому?“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски