Пендаровски – Да Силва Пина: Односите на С. Македонија и Португалија се пријателски со можност за натамошно унапредување

Од:

Односите меѓу Португалија и Северна Македонија се пријателски со можност за нивно натамошно унапредување, збогатување на договорно-правната рамка, како и за развој на билатералниот политички дијалог на високо и највисоко ниво, беше констатирано на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со амбасадорката на Португалија во земјава, Марија Виржинија Мендес да Силва Пина.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски ги поздрави напорите на португалското претседателство со ЕУ за одржување во фокус на дебатата за проширување на Европската Унија и притоа се заблагодари за професионалниот пристап на Лисабон во изработката на предлогот за надминување на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Во оваа смисла, како што се наведува во соопштението, соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во пресрет на претстојните совети на Европската Унија, при што е нагласено дека Република Северна Македонија ги исполни барањата и заслужува неодложно да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски