Претседателот Стево Пендаровски попладнево во Братислава оствари средба со претседателката на Словачка, Сузана Чапутова со која заеднички констатирале дека двете држави имаат добри билатерални односи и оти словенечкото искуство во процесот на пристапување во ЕУ може да и биде од помош на Северна Македонија.
Од страна на претседателот Пендаровски било изразено уверување дека меѓу двете држави како членки на НАТО ќе продолжи и досегашната добра соработка во одбраната и безбедноста.
Во контекст на потребата од зајакнување на регионалната соработка, Пендаровски посочил дека успешниот модел на земјите од Вишеградската група е исклучително корисен пример за земјите од Западен Балкан.
Двајцата соговорници разговарале и за досега преземените активности поврзани со пандемијата на КОВИД-19, при што се согласиле дека е неопходен заеднички одговор за полесно справување со здравствено-економските аспекти наметнати од овој глобален предизвик.
Претходно, претседателот Пендаровски се обрати и на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“.