Пендаровски брифиран за активностите на армиските единици ангажирани во услови на вонредна состојба

Од:

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска одржа состанок со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој го брифираше за ангажманот на припадниците на Армијата на целата територија на државата во справувањето со последиците од епидемијата на Ковид-19, во услови на прогласена вонредна состојба.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски беше информиран и за проширените активности на Армијата во соработка со полициските сили, како и за поддршката што Армијата ја дава на цивилните структури, здравствените работници, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и локалната самоуправа.

Составен дел на денешниот брифинг, се посочува во соопштението, беше и ангажманот на Армијата на јужната и северната граница на земјата, каде армиските единици заедно со полициските сили се ангажирани за справување со потенцијално зголемен наплив на мигранти и бегалци како дел од „Балканската рута“.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он