Пендаровски-Бегај: Неопходност од продолжување на реформите во двете држави

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која било изразено задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што била нагласена обостраната посветеност кон добрососедските односи.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели посочиле дека како сојузници во НАТО, двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка, со цел поактивен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница.

Претседателот Пендаровски и претседателот Бегај размениле мислења и информации за европските интеграции, како и за исходот од Самитот на Европскиот Совет во Брисел.

Тие ја констатирале потребата за деблокирање на процесите, како и продолжување на реформските процеси во двете држави, стои во соопштението на Кабинетот на Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски