Пендаровски: Армијата останува подготвена да интервенира каде било на територија на државата

Од:

Претседателот на државата Стево Пендаровски честитајќи им на припадниците на Армијата, на противпожарните единици од Кочани и сите институции кои синоќа во Кочани се справуваа со огнената стихија, денеска на својот фејсбук профил напиша дека Армијата останува подготвена да интервенира каде било на територија на државата.

– Им честитам на припадниците на Армијата, на противпожарните единици од Кочани и сите институции кои синоќа во Кочани се справуваа со огнената стихија. Кочанчани активно се вклучија во гасењето и во помагањето на единиците на терен и помогнаа да се избегне далеку пострашно сценарио. Во наредниот период ќе се следи интензивно состојбата со цел да се превенираат идни пожари. Армијата согласно со вчерашната наредба за прогласување тревога на целокупниот состав останува подготвена да интервенира било каде на територија на државата, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски