Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Од:

Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во ОВР – Неготино e извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик, односно дека во армискиот полигон Криволак ги имал снимено и фотографирано возилата во конвој на АРСМ и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите што ги реализира Армијата, појаснија од СВР – Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител.

– По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он