Пендаровски: Ако Заев не успее да обезбеди мнозинство, ќе го врати мандатот

Од:

Претседателот на државата Стево Пендаровски по денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека мандатот му го доверил на Зоран Заев, бидејќи роковите за го додели мандатот течат по верификација на мандатите на пратениците.

„Јас морам по тој рок да го предадам мандатот, не можам да го чувам в џеб“, рече тој и додаде:

„До овој момент 61 пратеник нема ниту една политичка страна, ниту еден политички субјект од оние кои влегоа во новиот парламент, меѓутоа господинот Заев се јави во текот на вчерашниот ден и рече дека во преговорите со повеќе политички партии кои се со свои пратеници во Собранието, е на добар пат да обезбеди мнозинство, рече Пендаровски појаснувајќи го неговиот одговор на прашањата од Мицкоски и Силјановска за тоа дали и на кој начин бил уверен од Заев дека има мнозинство.

Во делот на тоа дали барал гаранции за претпоставеното мнозинство на Заев, Пендаровски истакна дека тоа не го барал ниту еден претседател од Глигоров до денес, освен Ѓорге Иванов и тоа, подвлече, вториот пат кога Заев дојде да го бара мандатот, откако Груевски, кој имаше само 51 пратеник и немаше очигледно мнозинство не му бараше потписи.

„Моето убедување и како претседател и како човек е дека на луѓето особено оние кои претендираат да бидат премиер утре на оваа земја мора да им се верува на зборот затоа што и тие имаат одговорност не кон својата партија и кон своите гласачи, конечно ако за 20 дена господинот Заев не направи влада значи ќе се увери дека нема 61 човек и ќе си го врати мандатот назад. Вие не можете со трикови да добиете мандат велејќи дека јас имам мнозинство, имам шанса да направам мнозинство и за 20 дена целата јавност ќе види дека вие немате мнозинство. Мнозинството од 61 не се утврдува кај претседателот кога го дава мандатот со потписи или со нотарски заверени изјави, туку се утврдува на денот на гласање во Собранието за новата влада“, рече Пендаровски

Моето, рече тој, е да го дадам мандатот од 20 дена. Тој што тврди дека има мнозинство или дека ќе направи мнозинство, да покаже дека има мнозинство во Собрание, ако не, го враќа назад мандатот и одиме со втората партија која има најмногу мандати, а тоа е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

На новинарско прашање тој рече дека е легитимно право на ВМРО-ДПМНЕ околу одлуката за замрзнување на односите со претседателот, тоа е нивно демократско право, но според него, станува збор за потег кој е испровоциран од некое внатрепартиско прашање.

„Ако Заев не направи влада за 20 дена, јас ве уверивам дека Мицкоски на истекот на тој рок ќе дојде отсабајле овде, во оваа институција, да го бара мандатот, иако односите му се замрзнати“, вели Пендаровски.

За можноста од распуштање на Собранието и шпекулации во јавноста во врска со тоа, тој подвлече дека според Уставот е можно само со гласот на 61 пратеник со кои се самораспушта парламентот и се оди на нови избори. Нема друг начин, дециден е шефот на државата.

Тој нагласи дека освен Заев досега никој не се јавил во неговиот кабинет во врска со мандатот, ниту Мицкоски, ниту пак Ахмети, а тој морал да го даде мандатот во рок од 10 дена, бидејќи според Уставот е должен да го направи тоа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели премиерот

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај

А1он

СДСМ: Мицкоски најави историско понижување на трудот на здравствените работници

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Мицкоски уште смета дека договорот со „Бехтел и Енка“ е криминален и антидржавен, но прекинот е поштетен