Пекевски: Берово заслужува модерен пазар и во следните години ние ќе го изградиме

Од:

„Под мото Живот за сите, кандидатот за градоначалник на Берово од СДСМ, Звонко Пекевски интензивно ја промовира својата програма за враќање на животот во Берово во наредните четири години во оваа општина пред граѓаните на Берово.

Тој денеска го посети Градскиот пазар во Берово кој е во катастрофална состојба, каде имаше средби со продавачите на тезгите и со посетителите на пазарот, каде во директна комуникацја и разговор ги слушна нивните потреби, очекувања и желби за подобро утре на бизнис план.

Покрај средбите со продавачите, тој имаше средби и со граѓаните со кои беа таму во тие моменти.

Граѓани на Берово: Конечно имаме добар кандидат. Се надевам дека ќе победи на претсојните локални избори и навистина успешно ќе го води нашето Берово. Особено не радува тоа што Звонко е наше дете, Беровско дете, и овде сите го познаваат , почитуваат и сакаат. Ние веруваме во него.

Звонко Пекевски : Пазарот во Берово е мал. Егзистираат дваесетина тезги со земјоделски производи и 2-3 тезги со текстил. Пазарот работи само во четврток, но сепак големата посетеност од страна на беровци. Берово заслужува модерен пазар и во следните години тој ќе го изградиме.

Оваа средбата тој ја искористи и да поразговара со трговците за нивните проблеми. Продавачите на пазарот, најмногу се пожалија за финансиската криза која владее насекаде, раскажаа дека на моменти дури и ги снижуваат цените на производите со цел да ги усогласат со примањата на купувачите, и истите да можат да ги продадат. Како што велат беровчани , тој има голема доверба кај граѓаните и очекуваат голема победа на Пекевски уште во првиот круг“, изјави Звонко Пекевски, кандидат за градоначалник на Берово од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он