Пејачи го откажуваат настапот на пикникот на СДСМ: „Не ни кажаа дека ова е партиски собир, изманипулирани сме“

Од:

Партијата СДСМ организира традиционален пикник на Денот на независноста – 8 септември во месноста Пеленица во близина на Драчево, Скопје, на која е најавено дека ќе пејат македонските музички фолк ѕвезди како Сузана Гавазова, Јордан Митев, Благоја Грујоски, Виолета Пандовска, Татјана и Новица, гости од Мерак Меана, Адријана Кеш и Сања Барби.

„Ве покануваме на традиционалниот пикник “Пеленица”, по повод 8 Септември – Денот на независноста. Да ја продолжиме традицајата со песна и забава! Со себе понесете насмевки и позитивна енергија.Следуваат изненадувања и за најмладите! Ветуваме дека ќе си заминете со одлични впечатоци! Се гледаме на Пеленица!“, стои во поканата.

Адријана Ацеска, или Адријана Кеш, вчера објави на социјалните мрежи дека се откажува од настапот затоа што никој не и кажал дека тоа ќе биде партиски настан, иако со години го организира општинската организација на СДСМ од Кисела Вода.

„Почитувани, сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември. Во текот на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламата ја видов утрово. Не сум партиски определна ниту ќе бидам, така да јавно се откажувам од овој настап за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски собир“, напиша Адријана Ацеска.

По неа се откажа и популарниот пејач и автор, Јордан Митев кој напиша дека се чувствувал намерно или ненамерно изманипулиран што настанот е партиски обележан а нему никој не му кажал претходно. Вечерва тој ќе пее на плоштадор во Автокоманда, Скопје на настан кој го организира Општина Гази Баба по повод Денот на независноста.

„Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи. За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда ( четврток, 07ми септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8ми Септември во Пеленица -Скопје. Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамрено изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8ми Септември во Пеленица. Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија“, објави Митев.

Настанот ќе се одржи во петок со почеток од 11 часот, а организатор на настанот е општинската организација на СДСМ од општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски