Педесетина лица затруени со салмонела во Драчево

Од:

Со висока температура, повраќања, дијареја, дехидрирање и физичка слабост деновиве околу 50 лица биле згрижени во Инфективната клиника во Скопје откако било констатирано дека кај сите станува збор за труење со салмонела.

Поголемиот дел од затруените лица посочиле дека претходно консумирале храна од позната сендвичара во скопската населба Драчево, објави Дневник.

Според информациите околу 12 лица биле задржани на Инфективната клиника, а меѓу нив имало и една 29-годишна трудница.

Првиот пациент бил примен ноќта меѓу вторник и среда.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!