Пеце Суперхикс: Мојот син e истепан додека сам играл кошарка во Капиштец

Од:

Музичарот Петар Младеновски, познат како фронтмен на групата Суперхикс на социјалните мрежи објави дека неговиот малолетен син бил исклоцан и шамаран од група малолетници на возраст од 12 до 16 години. Настанот се случил додека детето само било надвор на кошаркарски терен.

– Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи. Во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, мојот малолетен син е нападнат играјќи сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години. Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат пишува Младеновски.

– Од полицајците добив инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени. Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат, продолжува Младеновски во објаснувањето.

Би можело да ве интересира

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија