Пецаков: Зошто е дозволен сериозен пораст на котите на Охридското Езеро?

Од:

Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече охриѓани се жртва на погрешните политики на власта, кои ветуваа туристичка атракција, а дозволиле да се уништи и тоа што е изградено.

– Владата предводена од СДСМ и Градоначалникот Јован Стојаноски одат по народната „Село гори баба се чешла“. Охриѓани имаат директни штети и загуби поради неодговорноста на власта, неспособното менаџирање и ненавремената реакција на институциите. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за високото ниво на водата во Охридското Езеро. Поучени од минатите години, предупредивме дека во наредниот период нивото на водата ќе се зголемува и треба да се реагира. И покрај предупредувањата и првиот пат и сега по вторпат поплавите причинија огромна материјална штета кај објектите долж на целото крабрежје, рече Пецаков.

Тој запраша каде е кризиниот штаб и зошто не се активни заедно со Центарот за управување со кризи во Охрид.

– Што направиле цело ова време за да придонесат за спречување на овие катастрофи и други несакани појави? Пред сезоната на дождови и топењето на снегот, не е извршено никакво дополнително предпразнење на акумулациите како подготовка за прием на големото количество на вода. Зошто раководството на ЕЛЕМ, дозволи сериозен пораст на котите на Охридското езеро? Надминатате е и критичната точка, 26 cm над максимално дозволената кота. Зошто не е навремено реагирано за водата да се испушти и полни навремено Шпиље?, запраша Пецаков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов