Пецаков: Се тестирав заради зимување во Банско, немав и сè уште немам симптоми

Од:

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид – 19  и на Водици излегол да ја следи манифестацијата оти побарал тест заради патување, не поради тоа што се чувствува лошо. За „А1он“ потврди дека добил позитивен тест, но следниот ден го повторил тестот и добил негативен резултат.

„Немав и се уште немам никаков симптом на коронавирус. Ме прашувате зошто не сум се изолирал по тестирањето, тоа е едноставно, јас отидов да се тетсирам оти имавме уплатено зимување Банско од 20 до 23 јануари. Бугарија ги смени правилата за влез и покрај вакцините бараа и ПЦР тест, па затоа го направив тестот. Излезе позитивен и многу ме зачуди, не очекував затоа што немам симптоми, никој дома не е позитивен, па затоа следниот ден направ уште еден тест. Вториот тест излезе негативен, но без разлика на тоа откако го добив решението останав дома, не заминав во Банско“, објасни градоначалникот Пецаков и до „А1он“ го испрати негативниот тест.

Двата теста ги направил во истата лабораторија, единствена во Охрид и двапати си платил за тестирањето по 1800 денари.

Здравствените власти велат дека лажно негативен тест е можен, но нема случаи на лажно позитивен тест. Пациентот може да направи колку сака тестови, но за лекарите велат дека е битен позитивниот. Доколку градоначалникот се обрати во лабораторијата каде што ги правел тестот, тврдат дека ќе добие одговор дека неточен е негативниот.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пак, велат дека без разлика од која причина се прави тестот, по тестирањето резултатот треба да се чека во изолација.

„Без разлика зошто е правен тестот, препораките да се изолираат додека чекаат резултат се исти“, велат од Инспекторатот.

Заедно со градоначалникот двапати се тестирал и секретарот на Општината, Александар Китески. И тој добил позитивен резултат, а денес повторно се тестирал и резултатот бил негативен.

„И мене ме исплаши позитивниот резултат, не го очекував оти се тестирав заради патување. Појдов на матичен, направив крвна слика, се е во ред, немам никаков проблем. И јас направив уште еден тест и еве денес, исто како градоначалникот добив негативен резултат што ме наведува да мислам дека позитивниот резултат бил грешен. Двајцата сме вакцинирани прележани коронавирус пред вакцинирањето и што е најважно немаме никакви симптоми“, вели Китески за „А1он“.

Тој се сомнева дека некој им ги подметнал позитивните резултати.

„Направени се во иста институција и исти се и кај мене и кај градоначалникот. Еднаш позитивни, еднаш негативни. Сега и со ова што објавувате ме наведувате да се посомневам дека се подметнати“ рече секретарот Китески.

Тој тврди дека никој од луѓето што ги тестирале не ги предупредил дека брз разлика на причината поради која се тестираат резултатот треба да го чекаат во изолација.

„Ако некој не предупредеше нема зошто да не го почитуваме тоа. Ние не се криевме, се движевме на јавни места“, објасни секретарот Китески.

Тој и градоначалникот по тестирањето место да се изолираат постојано биле во контакт со други луѓе, за Водици градоначалникот се гушкаше и се ракуваше со сите што му приоѓаа, а вечерта доби позитивен резултат на тестот за Ковид – 19. Охриѓани кои биле во контакт со него, откако дознале дека добил позитивен резултат, во паника бараат термин за тестирање. Здравствените власти од Охрид велат дека најмалку 300 контакти веќе побарале тестирање, но стравуваат дека кластерот ќе биде многу поголем.

Би можело да ве интересира

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Апасиев му „честиташе“ на новиот спикер: Рипката пушти ја во езероно, нек ја фатит Пецак зш многу местит тендери

Петковски: Нов скандал, Пецаков набавува препарати од алги за 24.000 евра од донатор на ДПМНЕ

Кузеска: Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач, нов скандал со градоначалниците на ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски