Градоначалникот Пецаков, позитивен на Ковид-19, се изгушка со половина Охрид, лекарите стравуваат од огромен кластер

Од:

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, место да седи во изолација по направен тест за Ковид – 19 се појави на одбележувањето на Водици на 19 јануари, се гушкаше со граѓаните, се ракуваше со гостите, а по прославата добил позитивен тест. Охриѓани кои биле во контакт со него се распаметени и во паника бараат термини за тестирање, откако дознале дека градоначалникот е позитивен на Ковид- 19, а паника се шири и во останатите градови оти Охрид за Водици е „Македонија во мало“.

dobivaj vesti na viber

Во небрано се нашла и охридската епидемиолошка служба, каде што неофицијално, градоначалникот Пецаков инсистирал да не добие изолација, но неговите настојувања не биле послушани.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдија дека градоначалникот Пецаков добил решение за изолација по позитивен тест на коронавирус, а потсетуваат дека и  се уште важат правилата секој што се тестира веднаш да се изолира.

„Во сила се препораките на Комисијата за заштита од заразни болести дека лицето кое се тестира, до добивање на резултатот останува во изолација. Секое лице кое по тестирањето ќе добие позитивен тест на Sars Cov 2, е во изолација од моментот на добивање на резултатот. Понатамошниот тек на болеста го следи матичниот лекар и во зависност од симптоматологијата изолацијата трае 10 дена за асимптоматски и 20 дена за лица со симптоми“, велат од Инспекторатот за „А1он“.

Градоначалникот Пецаков не одговори на повиците и на пораките од „А1он“. Го прашавме зошто по тестирањето не се изолирал, но тој не одговори.

Неофицијално освен него, позитивен тест на коронавирус добил и секретарот на Општината Александар Китески. Здравствените власти од Охрид велат дека најмалку 300 контакти на градоначалникот веќе побарале тестирање, но стравуваат дека кластерот ќе биде многу поголем.

Од МВР засега нема известување за казна за градоначалникот Пецаков.

Би можело да ве интересира

Двајца починати, 89 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

89 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Ана Ололовска

Ковид-19: Нема починати, 93 нови случаи

Катерина Павлова-Николовска

115 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Ана Ололовска

Тројца починати и 159 нови случаи на Ковид-19

А1он

Се укинуваат ковид протоколите во градинките