А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пчелари од Делчево и Благоевград ќе формираат здружение

by А1он09/10/2017 - 17:27150
Share0

Формирање здружение и заедничко изготвување стратегија за спас на пчеларството, договорија денеска пчелари од Делчево и Благоевград, Бугарија.

Следете a1on на Instagram Instagram

На првата заедничка средба во Делчево разговараа како да се справат со изумирањето и болестите на пчелите. Поради глобалното затоплување и употребата на пестициди, пчеларството, рекоа, претпрува големи штети. Смртноста кај одредени пчеларници годинава достигнала 20 до 80 отсто, а продукцијата се свела на два до четири килограми мед.

Како што изјави Јован Медарски од „Пијанечка пчела“, заедно со пчеларите од Бугарија ќе се договора

– Бугарија е во ЕУ и има поголем пристап до фондовите. Тоа значи дека заедно ќе работиме на унапредување на пчеларството. Оваа година е карактеристична со големата смртност на пчелите и немањето мед. Просечно, имаме смртност која се движи од 20 до 80 отсто по одредени пчеларници, додека од пчелно семејство, годинава се добива само од два до четири килограми мед што е многу малку, ако земе предвид дека во добра година има и по 16 килограми од еден пчеларник, истакна Медарски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Венета Инфадиева од пчеларското здружение „Акација“ – Благоевград потенцираше дека соработката меѓи двете здруженија е многу важна, бидејќи од двете страни на границата проблемите на пчеларите се исти.

– Денеска имам средба со пчеларите од Делчево, за да се договориме за формирање заедничко здружение за да работиме на решавање на заедничките проблеми. Најголем проблем во моментов е глобалното затоплување и големата употреба на пестицидите. Голема смртност кај пчелите имаше и во Гоцеделчевскиот регион, истакна Инфадиева.

Здружението на пчелари од Македонија и Бугарија треба да се формира за еден месец по што од донатори од ЕУ и преку проекти ќе се бара спас за пчелите во регионот.

bugarijadelcevo

Би можело да ве интересира

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Горан Наумовски08/08/2026 - 19:50

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Горан Наумовски08/08/2026 - 14:57

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 08:55

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“

Горан Наумовски23/07/2026 - 21:34

Бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во базата Безмер

Горан Наумовски22/07/2026 - 16:25

Радев ја отфрла поканата на Макрон: Бугарија нема да се приклучи на „Коалиција на подготвените“

Горан Наумовски14/07/2026 - 16:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео