ПЦЕР: Зошто ви се потребни животите на невини за да ги спасувате сопствените задници?

Од:

ПЦЕР најостро ги осудува местенките од власта, која повеќе е ненародна и со закрвавени раце. Зошто ви се потребни животите на невини, во униформи или без, за да ги спасувате сопствените задници? Превисока, многу превисока цена сте определиле за себе и за сопствените задници, но знајте дека раката на правдата ќе ве стигне и кога тогаш, се ќе биде наплатено од вас.

ПЦЕР упатува сочувство до семејствата на настраданите и јавно прашува: зошто токму во овој момент? Зошто токму за вакви местенки се бира, како по правило, најсирамашниот дел од населението? Зошто постојано и постојано се бира полето на меѓунационалните односи? Зар не гледаат дека поголема сиромаштија немало досега. Зар не гледаат дека поголема сплотеност меѓу

сите граѓани никогаш немало досега.

ПЦЕР ви го пренесува она што го зборува народот – не сте способни да ја водите државата! ПЦЕР ви порачува – одете си што побрзо за доброто на сите граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка