Павле Трајанов се откажа од коалицијата со ДОМ и ЛДП

Од:

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, вели дека нема да биде дел од новото граѓанско движење на центарот кое ЛДП и ДОМ го најавија во пресрет на локалните избори.

„Ние се подготвуваме за локалните избори и во некој од следните денови ќе ги соопштиме нашите кандидати. Ние како Демократски сојуз бевме иницијатори на предизборната платформа на центарот, но се уште сме во преговори со ЛДП и ДОМ“, вели Трајанов од ДС.

Тој вели дека сите опции за предизборно коалицирање се уште се отворени и не ја исклучува можноста за коалицирање и со други партии.

Запрашан дали настанал некој проблем поради кој ДС нема да биде во коалиција со ЛДП и ДОМ како што беше најавено, Трајанов вели дека немало конкретни несогласувања, но дека сепак засега ќе остане надвор од таа коалиција.

Оваа пролет беше најавено дека ДОМ, ЛДП и Демократски сојуз ќе настапат заеднички на претстојните локални избори, со цел и други помали партии да се приклучат кон таа коалиција со што би се наметнале како политичка опција покрај двете најголеми партии.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух