Патните трошоци на пратениците на месечно ниво се повисоки од минималната плата на еден работник, вели Пешевски

Од:

Патните трошоци на пратениците на месечно ниво се повисоки од минималната плата на еден работник, особено во приватниот сектор, изјави потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Иван Пешевски, од денешната блокада пред Собранието.

Тој порача дека синдикатот ќе продолжи со блокади на пратениците, министрите, Владата и работодавачите, за кои рече дека се одговорни за лошата положба на работниците.

„Тврдиме дека 600 евра треба да биде загарантирана минимална плата под која ниту еден работник не смее да прима месечен надомест, за да може да го преживее месецот. За две години животот е поскап за 9.000 денари, што го покажуваат цените во маркетите. Само во последната година трошоците за живот на едно семејство се зголемени за 6.000 денари“, изјави Пешевски.

ССМ бара итно ставање на дневен ред и усвојување на одлука за минимална плата од 600 евра, како и зголемување на сите плати за 100 евра. Пешевски нагласи дека таму каде што постојат колективни договори тие мора да се почитуваат и додаде дека избраните и именуваните функционери треба да бидат свесни дека нивните примања се финансираат од средствата на работниците.

Тој ги повика пратениците да ја стават оваа точка на дневен ред и да ја изгласаат, посочувајќи дека во спротивно ССМ ќе продолжи со секојдневни блокади на улици и институции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Нов раст на минималната потрошувачка кошница

Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Катерина Ѓуровски

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски