Патлиџанковски: Законот за јазици се спроведува споро

Од:

Агенцијата за примена на јазикот денеска го објави Прирачникот за примена на Законот за употреба на јазиците. Директорот на оваа институција Илбер Села, при објавување на Прирачникот, изјави дека овој документ значително ќе придонесе во однос на подобра презентација на институција, за по позитивен имиџ и за повисоко ниво на функционирање на Законот за јазици. Според директорот Села, процесот на почитување на правото на употребата на албанскиот јазик, како основно право на Албанците, треба да се спроведува ефикасно и одговорно, што е во интерес на стабилноста на општеството каде живееме.

– Низ годините што ги оставивме зад нас државните институции на високо ниво, постојано се залагаа за создавање на доволна правна основа, за службена употреба на јазиците како на централно, така и на локално ниво. Како што е познато Република Северна Македонија, има понапредно законодавство со која појасно се уредува употреба на јазиците во институциите. Колку да е целосна оваа правна инфраструктура за употреба на јазиците, сепак при практично спроведување се појавуваат разни предизвици и тешкотии. Всушност овој Прирачник не го менува важечкиот закон, но дава јасно објаснување за неговата примена во општествена пракса. Затоа сите граѓани, претставници на институции, креатори на политики, планери и практичари имаат во своите раце олеснет пристап до информации за институционални обврски кон права на граѓани за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти на граѓаните на Република Северна Македонија, изјави директорот Села.

Од основање на Агенцијата за примена на јазикот, како што изјави директорот Илбер Села, повеќе државни институции ги имаат контактирано за помош. При презентација на Прирачникот за примена на Законот на употреба на јазици, Села издвои два примера на соработка.

– Ние јавно сме упатиле апел до институции сите формурали кои ги имаат да ги донесат во Агенцијата, за да ги преведат и лекторираат. Може да ја одвојам соработката со Државниот Завод за Статистика, за да еден дел од формуларите, особено тие што имаат врска со универзитетите. Како што се знае во повеќето универзитети каде се учи албански, формуралите биле едно јазични. Нас ни ги пратија овие документи, ние ги преведовме, лекториравме и ги вративме. Од наредниот семестар албанските студенти ќе имаат можност формуралите да ги пополнуваат на албански, додека македонски студенти ја свој јазик. Исто така сме име прилика да соработуваме со Фондот за Здравство, каде што сме ги преведеле сите формурали од оваа институција,објасни Села.

На прашање на МИА, во однос на тоа од кога Законот за употреба на јазици, се објави во Службен Весник, во кои институции албанскиот јазик се применува потполно, каде делумно и каде воопшто не се применува, директорот Села, кажа дека во однос на оваа прашање одговор ќе даде во февруари, каде ќе биде и објавена и анкетата пратена до сите државни институции. Во овој извештај како што најави Села, кој се подготвуваа од страна на раководителот на Секторот за планирање, Маријан Патлиџанковски, ќе бидат објавени имињата на сите институции кои барале помош, кој одговорил на прашањата и кој не прифатил да одговорат.

– Со многу одговорност тврдам од формирање на Агенцијата до сега, има помал интерес за употреба на албанскиот јазик во институции кој се раководени од Македонци. Меѓутоа не сакам да ги амнестирам некои раководители Албанци, кој многу малку направиле за примена на Законот за употреба на јазиците, изјави Села.

Дополнителни информации за оваа анкета даде и Маријан Патлиџанковски, кој на прашање на МИА, одговори дека во три  наврати до државните институциите се пратени прашалници, односно и во неколку наврати ургенции. Според Патлиџанковски, отпор за не спроведување на Законот за употреба на јазиците, има и кај институциите каде што функционерите се Македонци и таму каде што се Албанци.

– Прашалници се испратени до вкупно 641 институции. Изземани од овој прашалник беа само образовните институции, односно училиштата и градинките. Од досегашните одговори кои ги имаме добиено на прашалниците, сметаме дека во 99 отсто од одговорите двојазичноста не се спроведува како што е во Законот. Законот треба да се почитува, независно во која институција. Не станува збор само за институции каде што функционерите се Македонци, туку Законот за употреба на јазиците не се почитува и таму каде што функционерите се Албанци. Вина не треба да барате никаде. Секаде се спроведува полека. Уште сме на почеток”, изјави Патлиџанковски.

Раководителот на Секторот за поддршка на директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Лазо Матовски, кој учествувал во изготвување на Прирачникот, кажа дека мотивот за изготвување на оваа публикација беше првенствено кон задоволување на потребите на граѓаните, со цел олеснување на пристапот до информации и зголемување на степенот на информираност за можноста за остварување не нивните права во постапки пред институции на централно и локално ниво, на еден од службените јазици во државата. Исто така Матовски, додаде дека друг мотив за изготвување на овој Прирачник,  било истиот да се користи како помошна алатка за самите институции кој практично преставуваат носители на институционални обврски за спроведување на одредбите од самиот закон.

– Прирачникот е поделен на четири тематски делови, кој што третираат прашања како што се нормативната рамка, односно самиот Закон за употреба на јазици, кој е распространет на 25 члена и кој стапи во сила на 14 јануари 2019 година, со денот на објавување во Службен Весник. Потоа во самиот Прирачник, се третира и прашање за јазичната рамноправност, практична имплементација на одредбите од Законот за употреба на јазиците при комуникација со граѓаните. На крајот на самиот Прирачник, се дава краток осврт на улогата и институционалната поставеност на Агенцијата за примената за јазикот во целиот овој процес. За граѓаните и институциите се нуди еден краток мини речник, со административна терминологија со нај 5 илјади зборови, комбинирано на македонски и албански јазик”, изјави Матовски.

Истовремено во овој Прирачник, се содржани практични и илустративни примени на тоа како се употребуваат службените јазици во работата на Собранието, Владата, употреба на симболите во монетите, банкнотите и.т.н.

Законот за употреба на јазиците и по објавувањето во Службен Весник, во 2019 беше пратен во Венецијанската Комисија, која даде насоки за измена на одредбите за примената на албанскиот јазик во судството. 

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ќе распарава за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Со фолк хитови пред МАНУ се бараше укинување на двојазичноста

Искра Манојлоска

Забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците ќе се анализираат по изборите

Ана Ололовска

Дескоска: Сериозно ги разгледуваме препораките на Венецијанската комисија

Законот за јазици нема да се ревидира, тврди вицепремиерот Османи

Заев: Зачувувањето на јазикот е од огромно значење за обединување и културно поврзување