„Патиштата се различни, целта е една“, протестен марш на ССМ

Од:

Под мотото „Патиштата се различни, целта е една“ денеска пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија почна протестниот марш по повод одбележувањето на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот којшто се слави во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права.

– Ве повикувам сите да маршираме достоинствено до Собранието и Владата каде ќе ги предадеме 15 синдикални барања, изјави на почетокот на протесниот марш претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски.

Учесниците на протестот од пред зградата на ССМ се упатија кон македонското Собрание од каде ќе маршираат кон Владата на Република Македонија, каде ќе бидат испорачани синдикалните барања за подобар закон за работни односи, регрес за годишен одмор за сите работници и подобар општ колективен договор за приватниот и јавниот сектор.

Учесниците на протесниот марш носат пароли „Во Европа без плати и придонеси“, „Регрес за годишен одмор за сите“,…

Синдикалниците ќе кажат и стоп за мобингот и за зголемувањето на старосната граница за пензионирање. На протесниот марш на ССМ е присутно полициско обезбедување.

Првомајскиот марш се поклопува и со 110-годишнината од синдикалното движење и организирање во Македонија

Неколку години наназад, почнувајќи од 2010 година, ССМ со претходното раководство го одбележуваше 1 Мај со кампањи за одредени области од заштитата на работничките права и како резултат на тоа беа иницирани и донесени неколку законски решенија како што беа Законот за мобинг, измените на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за минимална плата.

Би можело да ве интересира

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ упати апел до Владата и Собранието на РС Македонија

Ана Ололовска

Мицкоски: Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени како сега од оваа најкорумпирана власт во Европа

Ана Ололовска

ССМ: Вработувањето на определено време да трае најмногу една година

Ана Ололовска

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме зачувување на илјадници работни места, поголеми плати и минималец повисок за 6.000 денари

Ана Ололовска

Работниците го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот со бројни прекршувања на работничките права

Ана Ололовска

Првомајски синдикален марш на ССМ под мотото „Здружени со иста цел“

Ана Ололовска