Пaскали: УНЕСКО доаѓа, се надевам нема да има реперкусии за Охрид

Од:

Претставници на УНЕСКО дефинитивно ќе дојдат во Охрид да видат што се гради на локалитеот Плаошник. Ова за А1он го потврди директорката на Охридскиот музеј, Тања Паскали Бунташевска.

Таа вели дека нема точни информации кога луѓе од УНЕСКО ќе дојдат во Охрид, но рече дека се што се гради и ќе се гради на тој локалитет како информација била испратена до УНЕСКО, но од таму досега немало никакви реакции. Таа не очекува дека сето ова ќе има никакви реперекусии врз Охрид од страна на УНЕСКО.

palosnik 5

Се надевам дека нема да има, бидејки до УНЕСКО од страна на Управата за заштита на културното наследство е испратен целосен извештај што се гради на Плаошник и тоа беше испратено уште пред отпочнување на изградба на објектите.
Тие знаат што се градин таму. Немаше никакви реакции но само испратија писмо дека ќе дојдат на увид, инаку ништо друго не е кажано, рече Бунташевска.

plaosnik 4

Факт е дека објектите кои на Плаошик во моментот се градат се од цврста градба.Тоа може да се забележи и со голо око.Но Бунташевска вели дека нема ништо спорно во тоа.

Сето тоа ќе биде дефинирано со камен и фасадно ќе се обработат како и секој еден објект. Сите објекти кои денес се градат се од цврста градба,кој гради дрвени објекти? Кој гради дрвени објекти, гради некој, прашува Бунташевска.

palosnoik 6

Во моментот на Плаошник се реализира проектот за возообновување на Свети Климентовиот Универзитет. Веќе се градат објектите каде што ќе биде сместен музејот, Свети Климентовата библиотека, а од источната страна се гради резиденцијалниот објект за црквата и манастирскиот конак. Сето тоа во фаза на карабина треба да биде готово 26 месеци од отпочнување на тендерот.

Но од УНЕСКО се загрижени од изградбата на новите објекти.

palosnik 7

Загрижени сме за она што се случува во Охрид што може да ја намали вредноста поради која градот е ставен на листата на културното наследство на светот. Реагираме кога има големи проекти кои може да влијаат да се намали вредноста на местата, изјави за „Утрински весник“ Петја Точарова, шеф на Одделението за Светското наследство во Европа и во Северна Америка во УНЕСКО.

palosnik 3

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски