Партијата Независни Грци бара грчкиот Парламент да расправа за прашањето за името

Од:

Партијата Независни Грци не дала овластување на ниту една партија, на ниту една влада, политички лидер или министер за надворешни работи да го даде името на наша Македонија.

Ова го изјави пратеникот на опозициската партија Независни Грци Теренс Куик, кој е одговорен за секторот за надворешна политика на партијата, јави дописникот на МИА од Атина.

Осврнувајќи се на седницата на Парламентарна комисија за национална одбрана и надворешна политика, на која Венизелос информира за средбата со медијаторот Нимиц, Куик рече дека вицепремиерот и министер за надворешни работи истакнал оти „грчката Влада…со голем консензус се договорила Скопје да има сложено име со географска одредница за сите употреби“.

– Ние никому не сме дале овластување да го даде името на наша Македонија. Бараме за процесот да се дискутира во Парламентот што ќе биде добра можност најпосле да се види колку е „широк“ консензусот меѓу пратениците, особено меѓу членовите на Нова демократија кои претпоставувам ќе се сетат на горчината и солзите на основачот на партијата Константин Караманлис на аеродромот во Солун, рече Куик на состанок на националниот совет на партијата во Солун.

Опозициската партија Независни Грци е една од најгласните кога станува збор за спорот за името. Нејзиниот став е дека во името на нашата земја не треба воопшто да стои терминот Македонија и постојано бара од Самарас да каже детали за преговорите што се одвиваат под покровителство на ОН.

Лидерот на партијата Панос Каменос пред неколку дена по шести пат побара од Самарас да одговори што се случува со преговорите за името. Тој го обвини грчкиот премиер дека „се крие и преговара тајно“ и го повика да дојде во Парламентот да одговори „дали е подготвен да го продаде терминот Македонија“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски