Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри

Од:

Политичките партии ќе формираат истражувачко-аналитички центри со цел да се зајакне демократскиот и аналитичкиот капацитет  на партиите и да се зголеми просторот за јавна дебата, анализи и политички дијалог во државата.

Ова е предвидено во Предлог законот за партиски истражувачко-аналитички центри предложен од парламентарното мнозинство, кој денеска ја доби потребната поддршка во прво читање на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законот треба да стапи во сила во 2015 година кога е планирано да се одржат следните парламентарни избори.

Центрите ќе треба да имаат најмалку две, а најмногу четири лица вработени со полно работно време од кои еден од нив ќе биде раководител.

За нив годишно од буџетот ќе се одвојуваат 280 илјади евра. Средствата ќе се распределуваат на четирите партии кои ќе имаат најголем број избрани пратеници во Собранието на Република Македонија. Предвидено е 60 проценти од средствата да се делат подеднакво на сите четири партии, а  останатите 40 проценти според бројот на пратеници.

Надзорот врз финансиското работење на центрите ќе биде регулиран со законот за финанисирање на политичките партии.

– Целта на законот е да се зголеми квалитетот на водење на политиката преку истражувачки методи во работењето и делувањето на политичките партии. Во Република Македонија тоа ќе биде нов квалитет којшто ќе може да им биде дополнителна логистика на политичките партии за потранспарентно и поаналитичко однесување и настапување пред органите на партијата и во самите институции и за зголемување на нивото на транспарентост и отчетност пред граѓаните, појасни Антонио Милошоски, како еден од предлагачите.

Пратеникот Кенан Хасипи од Демократска партија на Турците предложи фиксниот износ на финансирање на овие центри да се замени со одреден процент, односно секоја година одреден процент од Буџетот да се одвојува за овие центри, на што Милошоски рече дека примената на законот ќе покаже дали има потреба од такво нешто.

Во однос на забелешките дека најчесто се прават коалиции и дали услугите од овие центри ќе може да ги користат и помалите партии во коалицијата, Милошоски појасни дека услугите на центрите ќе ги користи не само партијата која ќе ги формира, туку и останатите партии кои ја сочинуваат коалицијата.

Покрај овој закон во прво читање поминаа и дополнувањето на Законот за политички партии и измените на Законот за финансирање на политичките партии кои се поврзани со овој закон.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска