Парнарџиева-Змејкова се сретна со здравствените работниците во Тетово

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Маја Парнарџиева-Змејкова денеска во рамки на работната посета на општина Тетово, се сретна со здравствените работници.

Од ФЗОМ соопштија дека лекарите, фармацевтите и стоматолозите на работната средба биле информирани од директорката Парнарџиева-Змејкова за тековните активности на работењето на Фондот. Тие ги поздравиле новините кои ги воведе Фондот во однос на упатувањето на пациентите на повиско ниво на здравствена заштита, како и во однос на електронското работење и пријавување и одјавување на пациентите.

Истовремено, лекарите го искажале своето задоволство од начинот на соработка што го остваруваат со Фондот, кој внимателно ги анализира барања на лекарите и во рамки на своите надлежности ги реализира.

Парнарџиева-Змејкова ја искажала нејзината подготвеност за продолжување на редовните средби со лекарите и аптеките, затоа што успешната соработка се должи токму на редовната информираност на Фондот од страна на лекарите и аптеките за тешкотиите кои треба да се надминат.

Средбите, посочуваат од ФЗОМ, ќе продолжат и во иднина, преку доставување на информации до подрачната служба на Фондот во Тетово и централата, како и преку редовни едукативни работилници и состаноци.

Би можело да ве интересира

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година