Над 30 електронски услуги денеска им се достапни на осигурениците, фирмите и на давателите на здравствени услуги, унифицирана контрола на сите податоци на Фондот за здравствено осигурување на Македонија… Ова се дел од услугите на ФЗОМ кои денеска ги презентираше директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејкова во своето излагање на тема е-здравство, на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува од 25 до 26 септември во Тирана, Албанија.
Како што соопштија од ФЗОМ, Парнарџиева-Змејкова ги информирала присутните за е-здравството во Македонија кое овозможува поефикасно процесирање на услугите, побрзо комплетирање на барањата, што резултира со задоволни осигуреници и клинети, што за Фондот претставува репер за современ и ефикасен систем.
На Форумот своите искуства ги презентирале и директорите на фондовите за здравство од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Хрватска и Република Српска.
На 8-от Балкански форум менаџерите дискутирале и за решавање на секојдневните предизвици што се јавуваат при менаџирање со здравствената каса, идеите за подобрување на здравствените услуги, како и можните решенија за обезбедување поквалитетни здравствени услуги, со ограничени финансиски средства.