А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Парламентарна делегација во посета на Штабот на НАТО

by Кристијан Ландов04/02/2019 - 09:19203
Share0

На покана на Секретаријатот на Патламентарното собрание на НАТО, на денеска и утре во Брисел, Кралството Белгија, Делегација од Собранието на Република Македонија ќе оствари студиска посета на Штабот на НАТО и Врховните штабни здружени сили (SHAPE).

Следете a1on на Instagram Instagram

Студиската посета е наменета за членовите на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на НАТО и членовите на Комисијата за одбрана и безбедност и на Комисијата за надворешна политика. Во посетата ќе учествуваат пратениците Илија Димовски, шеф на Делегацијата на ПС на НАТО, Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, членови на Делегацијата, Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, Илија Николовски, заменик-претседател, Емил Димитриев и Џеват Адеми, членови, како и Ане Лашкоска, Шпреса Хадри, Емилија Александрова и Африм Гаши, членови на Комисијата за надворешна политика.

Суштината на програмата, како што информираат од македонското Собрание, е насочена кон обезбедување детален увид во процесите и политиките на НАТО и SHAPE, вклучувајќи ги и односите што Алијансата ги развива со нејзините партнери. Предвидени се повеќе работни состаноци во седиштето на НАТО и во SHAPE, на кои ќе се разменат мислења по прашањата сврзани со НАТО и Западен Балкан, односите НАТО – Русија, борбата против хибридните војни и растечката отпорност.

Предвидена е и Тркалезна маса на која пратениците ќе имаат можност да дискутираат со амбасадорите-постојани претставници во НАТО од Словенија, Хрватска и Естонија за „Националните перспективи за НАТО и соработката со Западен Балкан“.

Следете a1on на Youtube YouTube
delegacijanatosobraniestab

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 00:4214/08/2026 - 18:44

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски14/08/2026 - 08:4414/08/2026 - 09:19

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Горан Наумовски12/08/2026 - 18:49

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Горан Наумовски08/08/2026 - 21:02

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски08/08/2026 - 18:5508/08/2026 - 18:55

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО

Предраг Петровиќ07/08/2026 - 16:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео