Парични казни за четири лица од Битола за непочитување на полицискиот час

Од:

Четири лица во Битола во одделни кривично-правни настани за време додека забраната за движење на населението на целата територија на државата била во сила, биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш без притоа да поседуваат дозвола за движење.

Како што денеска соопшти Јавното обвинителство на РС Македонија, обвинетите на 21.4.2020 година за време на пандемија прогласена од страна на генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест Ковид -19 не постапилe според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

– Поради стореното кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска проиввредност, стои во соопштението од ЈО.

Би можело да ве интересира

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи