Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што соопштува Обвинителството, обвинетите на 25. март за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.
За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложил да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.