Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог за едно лице, жител на струшкото село Ливада, кое не ги почитувало Одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движел со возило низ градот, информираат од Јавното обвинителство.
Со овие дејствија, според Обвинителството, обвинетиот го сторил кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, за што Обвинителството побара да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 30 евра во денарска противвредност.