Парада на гордоста во Скопје – марш за љубов, почит и за правда

Од:

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“ во Скопје се одржува третото издание на „Скопје прајд“. Учесниците на парадата се собраа во паркот „Жена борец“, а маршот низ скопските улици ќе заврши во градскиот парк до стадионот на АРМ.

Учесниците на маршот побараа да се почитуваат нивните права и различности, како и да нема дискриминација по ниту една основа. Парадата на гордоста ја обезбедуваат голем број полицајци.

На маршот му се приклучја и амбасадорката на САД Кејт Брнз како и министрите Јована Тренчевска и Бојан Маричиќ.

Во текот на денот поддршка за Скопје прајд дадоа и претседателот Стево Пендаровски и премирот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Скопје Прајд 2026 на 20 јуни под слоганот „Сите нека знаат“

Парада на гордоста на 24 јуни во Скопје

Ана Ололовска

Порака од претседателот Пендаровски по повод Скопје прајд 2022

Скопје Прајд 2022: На 25 јуни, излези за љубов

Пратеници ќе му се приклучат на вториот „Скопје Прајд“

Жарко Настоски

Пендаровски: Законот за заштита од дискриминација да биде на приоритетна листа за донесување на следниот парламентарен состав

Ана Ололовска