Се додека Скопје инсистира на идеолошката конструкција на „македонизмот“, до тогаш вратата на НАТО ќе ја држи затворена, а процесот на интеграцијата во ЕУ замрзнат, изјави грчкиот претседател Каролос Папуљас во интервју за српскиот весник „Политика“.
– Грција веќе го помина делот од патот кој и припаѓа. Очекуваме од Македонија да се откаже од својата постојана непопустливост и да го помине и она растојание кое и припаѓа за да се најде дефинитивно решение, изјави Папуљас.
Според грчкиот претседател, ОН одлучиле да не ја прифатат Македонија под уставното име и на тој начин го признале легитимитетот на грчкото противење. Тој рече дека „грчката страна направила значајни чекори за да се пронајде заедничко тло во рамките на преговарачкиот процес под покровителство на ОН“.
– Според резолуција на Совот за безбедност, тоа име нема да биде само за меѓународна или делумна употреба, тоа ќе биде име со географска одредница за сите употреби, изјави Папуљас во интервјуто за „Политика“.
Грчкиот престедател од денеска е во дводневна службена посета на Белград.