Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Од:

Во Извештајот за работа на Советот за јавни обвинители се вели дека Советот сите обврски ги има завршено успешно, па прашувам успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто, праша пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители за 2023 година.

„Гледајќи седница на Советот што видов, што заклучив. Советот кој е составен од 11 члена е нем, никој ништо не зборува зарем тоа е транспарентност. Транспарентност ли е да се молчи. Се гледа дека само немо спроведувате одлуки“, рече Панова.

Панова се осврна на делот на Извештајот во кој се зборува за бројки или за статистика.

„Во делот каде зборувате за претставки давате бројки, статистика и кажувате дека најмногу претставки се во ЈО Скопје што е очекувано најголем број предмети се таму, но стои дека има незадоволство од времетраење на постапки што говори за неажурност, укажуваат за брзо решавање на предмети поднесени за луѓето за кои вие не смеете да постапите и најлесно е да ја отфрлите кривичната пријава, помал број биле претставки од незадоволство од застапената застареност. Или ако претставките зборуваат за неажурност, селективност, застареност на пријавите вие говорите дека позитивно работите“, посочи Панова

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски