Панел за родова еднаквост

Од:

Во ЕУ Инфо центарот денеска ќе се одржи панел дискусија на тема „Споделеното родителско отсуство како средство за подобрена родова еднаквост“.

Предавач ќе биде еминентната новинарка Барбро Хедвал, поранешен колумнист во најголемиот шведски дневен весник Дагенс Нихетер, која има долгогодишно искуство во пишувањето за родовата еднаквост. Tаа ќе направи паралела меѓу развојот на родовата еднаквост и социјалната благосостојба во Шведска. Воедно ќе  илустрира како родовата еднаквост се пројавува од социо-економска перспектива.

Дискусијата, релевантна и интересна за носителите на одлуки, но и за граѓанскиот сектор, студентите и пошироката јавност, како што велат организаторите, ќе ги земе предвид концептите и политиките во Шведска и Македонија.

На панелот се поканети  и Панаготиа Сјапка од Шведската агенција за социјално осигурување, Елена Гроздановска од Министерство за труд и социјална политика, Душица Димитровска од Универзитетот Евро Балкан, како и Ѓунер Небиу од Женска граѓанска иницијатива Антико.

За време на настанот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Животна сложувалка“.

Би можело да ве интересира

Бачовски: Вклучувањето во единствениот пазар на ЕУ значи пласман за македонските производи на големиот европски пазар

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена