Панел дискусијата на тема „Од отпад до енергија – предизвици и можности” ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на одбележувањето на Европската недела за намалување на отпадот.
Обраќање на дискусијата, како што е најавено, ќе имаат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и Јаромир Левичек од делегацијата на ЕУ во Македонија.