Панчевски обвинет за АКМИС – давал насоки кој предмет кај кој судија да се распредели

Од:

Основното јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот кривичен суд, за злоупотреба на информацискиот систем за управување со судски предмети АКМИС.

Според обвинителството, Панчевски во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на овластувањата.

„Иако бил должен да ја следи состојбата на управувањето со движењето на предметите во судот, а особено формирањето на предметите, предавањето на предметите во работа и состојбите со функционирањето на автоматизираниот информатички систем за управување со судските предмети, обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување. Имено, обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Со ова, според ОЈО, Панчевски на странките им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси.

Со писмени „парафи“, според истрагата, Панчевски наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети доставени од ОЈО Скопје, на два предмети кои во судот биле доставени на натамошна надлежност од Основните судови Неготино и Куманово, на 41 предмет доставен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на две обвиненија поднесени од СЈО.

Во предистражната постапка за случајот обвинителствотоло испитало 19 сведоци, вработени во Основниот кривичен суд – Скопје, Апелациониот суд Скопје, Врховниот суд и во Министерството за правда.

Двајца јавни обвинители во текот на три недели континуирано вршеле увид во предмети во Основниот кривичен суд и прегледана била обемна судска документација.

Се обезбедувале и податоци од Судскиот Совет, Врховниот суд,  Апелациониот суд и Основниот кривичен суд.

Од обвинителството велат дека доколку најдат пропусти за други претседатели на судови или судии, ќе биде поведена постапка и за нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Таткото на Вања останува во притвор: Кривичен го одби барањето на адвокатот Туфегџиќ за куќен притвор

Александар Тодески