Панчевски не се појави на рочиштето во кое е обвинет за мобинг

Од:

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски, во понеделникот не се појави на рочиштето во соседниот суд каде треба да одговара под обвинение за наводен мобинг.

Според објаснувањето на судијката Хилда Мешкова, нејзиниот колега Владимир Панчевски не присуствувал, бидејќи тужбата за мобинг не ја примил тој, туку неговата мајка. Меѓутоа, истакна, дела доколку тој не се појави на рочиштето закажано за 7-ми февруари, судењето ќе се одржи и без него, пренесе Макфакс.

Тужбата којашто против Панчевски ја поднесе Горан Стаменковски, содржи обвинение дека првиот наводно вршел „перманентен притисок“ врз тужителот додека раководел со скопскиот кривичен суд.

Според наводите на тужбата, сé започнало во април минатата 2016 година кога Стаменковски се појавил на протест на таканаречната „Шарена револуција”. Наводно, Панчевски на фотографија која му била дадена од Министерството за внатрешни работи го препознал Стаменковски, по што следеле закани, намалување на плата и деградирање од работното место и тоа за неколку скалила, иако дотогаш тој извршувал раководни функции, се наведува во тужбата.

Незадоволен од одлуките на Панчевски, Стаменковски одговарал со писмени дописи до него, но тоа не дало резултат По ова, Стаменковски поднел преставка до Државниот пазарен инспекторат кој, пак, по извршен увид во судот, само го констатирал она што го тврдел Стаменковски, но и оваа одлука не била испочитувана од Панчевски.

Владимир Панчевски, освен тужба за мобинг, се соочува и со неколку кривични тужби, а поради неговата дивоградба во центарот на Скопје е во конфликт и со Општина Центар, од каде исто така му поднесоа пријави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ