Пајакот отстранил 107 возила вчера во Скопје, во 10 сообраќајки повредени 7 лица

Од:

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 10 сообраќајни несреќи, во кои седум лица се повредени. Четири сообраќајки се со материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на црвено светло на семафор, 28 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и девет возачи кои за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и 82 непрописно паркирани возила и четири пешаци кои поминале вон пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден отстранети се 107 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Денеска со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Лајпцинг, Германија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат