Паднати дрвја го попречуваат сообраќајот на регионалниот пат Пехчево – Делчево

Од:

Интензивните снежни врнежи создадоа проблеми на дел од патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион. Поради обилниот снег од утрово забележани се паднати дрвја на коловозот од патниот правец Пехчево – Делчево, поради што надлежните од „Македонијапат” апелираат на внимателно возење.

– Во пехчевскиот крај во текот на ноќта имаше нови снежни наноси кои создадоа проблеми на дел од патот. Наши екипи интервенираа на неколку места каде има паднати дрвја кои го попречуваат движењето на возилата. Апелираме на внимателност на овој патен правец, каде од утрово на места се вози по снежни коловози, истакнаа од „Македонијапат”.
Додадоа дека на останатите патни правци засега нема поголеми проблеми, освен на патот Делчево – Кочани каде се можни одрони.
-Синоќешните одрони кои создадоа проблеми на возачите на овој патен правец се исчистени. Сепак. имајќи предвид дека во вакви временски услови тие се чести, им препорачуваме на возачите прилагодување на брзината на овој патен правец, додадоа надлежните од претпријатието.
Екипите на „Македонијапат“, како што додадоа, и понатаму остануваат на терен за отстранување ка накви било проблеми кои ќе бидат забележани на патот.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Од среда дожд и ветер, а на планините снег

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Следува снежен викенд, од понеделник се очекува стабилно време

А1он

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески