Пациенти со онколошки заболувања ќе примаат терапија во блиските болници

Од:

Во иднина пациенти со онколошки заболувања нема да мораат да доаѓаат во Клиниката за онкологија за да примат терапија, туку тоа ќе можат да го сторат во најблиската болница.

-Министерството за здравство работи на протокол за дистрибуција на терапија за пациенти со онколошки заболувања. Тој протокол утре треба го финализираме со директорот и стручниот колегиум на Клиниката за онкологија, во однос на тоа, кои пациенти ќе можат да ја примат терапијата надвор од Клиниката, за да не патуваат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека протоколот го подготвиле во Министерството за здравство независно од тоа што на оваа клиника има двајца здравствени работници заразени со Ковид-19.

-Двајцата работници, но тие не се врзани со пациентите и на клиниката работата се одвива во најдобар ред, нема рестрикции, ниту посебен протокол, рече министерот.

Во однос на новозаболената докторка на Интерното одделение во Кочани, министерот рече дека е направена анкета и оти нема позитивни пациенти во нејзина близина.

-Сомнежот е дека е инфицирана на друго место. Разговарав со директорот на болницата во Кочани и сите пациенти со хронични заболувања можат да одат на домашно лекување. Ќе се реорганзира работата и тој процес е во тек, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%