„Ова е мојот ненасилен пораѓај“ – родилката која го изгуби бебето во битолската болница објави фотографија

Од:

Во текот на вчерашниот ден бебе починало во болницата во Битола, по изведен царски рез.  По ваквата вест со реакција на социјалните мрежи се јави Викторија Крстевска, која неодамна го загуби своето бебе исто така во битолската болница.

„Како мајка која неодамна го загуби своето бебе во таа проклета болница. Како жена која сама се бори против се и сите. Јас ќе застанам позади таа жена која вчера го изгуби бебето! заедно можеме. мора да има крај на овие случувања! одговорност!!!!!! немалтретирано! напоменато! почнаа и со нови изрази после моето малтретирање! да, ова беше мојот “ненасилен” пораѓај! доста е! нема да молчиме!!!!!!!

Родилката не искажала незадоволство.. Да.. Да.. Да.. И неа ли и нудите сокче? кафенце? М? Или можи пари? Не постои пара на светот што можи да ме купи за не се борам за правдата на своето дете, како и за нанесување штета и на други мајки! СРАМ СТЕ!“, напиша Крстевска.

Реагираше и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски, кој на социјалните мрежи објави фотографија за која вели дека е доказ дека родилката била несоодветно третирана.

„Ова е слика од родилката чие дете угина во Битолската болница. По нејзино кажување, а тоа е лесно воочливо од сликата докторот кој ја пораѓа наместо да прејде на царски рез буквално и скока на стомак (види фото) Да видиме со што ќе не изненади судска медицина во услови кога инспекцијата на МЗ го цени како пропуст фактот што не е преминато на пораѓај со царски рез како и фактот дела се ЛАЖЕ дека е користен вакум. ПРАВДА!!!“, напиша Митровски

Би можело да ве интересира

Почина гинекологот Венци Чалков, на кој му се судеше за случајот со родилката Маја Кадиева

Горан Наумовски

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола