ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје ќе добие спортска сала

Од:

Основното училиште „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје до мај-јуни годинава ќе добие училишна спортска сала. Во изградбата на училиштето, која почна на крајот на септември, вложени се 32 милиони денари од буџетот на Министерството за образование и наука.

По привремениот застој поради лошите временски услови, изградбата на објектот продолжи интензивно, а локацијата денеска ја посети и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој е задоволен од динамиката.

– Новата спортска сала интензивно се гради за потребите на најстарото училиште „Кирил и Методиј“, кое е основано пред 180 години. Станува збор за исклучително значајно училиште во центарот на градот, во кое долг период немаше речиси никаков објект за спортски активности. Се работи за капитален проект во вредност од 32 милиони денари. Очекуваме во мај, објективно јуни, оваа сала да биде предадена на училиштето, а од септември следната учебна година учениците ќе може своите часови по физичко воспитание да ги спроведуваат во модерен спортски објект, изјави Ристовски по увидот на градилиштето.

Додаде дека ова училиште продолжува да биде во фокусот на МОН потсетувајќи дека во него (заедно со ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром) четврта учебна година се спроведува меѓународната ИБ-програма.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите