Отворено првото лизгалиште на мраз во Гостивар

Од:

Гостиварци од денеска,ќе може да се рекреираат на монтажно лизгалиште. Новата рекреативна содржина е дел од проект на Агенцијата за млади спорт со кој низ земјава ќе бидат поставени седум вакви лизгалишта.

На просторот на паркингот зад спортската сала, на пригоден начин градоначалникот Арбен Таравари и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт Измит Нура го предадоа во употреба монтажното спортско лизгалиште.

– Ние како општина го поддржавме овој проект, логистички и со обезбедување на негово одржување. Во оваа прилика би се заблагодарил на Агенцијата за спорт и млади, кои се една од ретките институции во државата која посветува внимание на нашата општина. Ова е втор проект на Владата во Гостивар, која е единствена урбана опозициска општина во Македонија. Се надевам дека во иднина нема да останеме „црна овца“ во државата и граѓаните на Гостивар плаќаат даноци како и другите граѓани и заслужуваат проекти поддржани од државата. Искрено се радувам дека на лизгалиштето ќе уживаат нашите најмлади сограѓани и ќе помогне во нивниот спортски развој, рече градоначалникот Таравари.

Лизагалиштето во Гостивар е едно од седумте, кои ги обезбеди Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи и за кое издвои 14 милиони денари, а ќе биде отворено до март, годинава.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар