• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Отворено писмо до Заев: Овозможете повторување на судењето за случајот „Алфа“

by А1он24/04/2018 - 20:18654
Share0

Новинарката Лиридона Вејсели испрати отворено писмо до премиерот Зоран Заев во кое што бара повторување на судењето за случајот „Алфа“.

Добивај вести на вибер

Случајот „Алфа“ е за убиството на на полицаецот Африм Латифи од единицата Алфа кај Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Почитуван Премиере,

Ви се обраќам на овој начин, бидејќи вистината треба да има што повеќе сведоци.

Нашата земја, Македонија, помина низ тешки времиња. Луѓето со повеќе среќа избегаа од тука. Некои од тие кои останаа, се убиени, се тероризирани и се затворени доживотно, во случаи монтирани од државата. Повеќето од нив се албанци.

Кога го започнавте проектот “Вистината за Македонија”, сите се убедија во лудоста на тие што не водеа во тоа време. Граѓаните, без разлика на возраст, етничка и партиска припадност, силно ја подржаа надежта за слобода и еднаквост.

Потоа следуваа “Шарената Револуција”, СЈО и “Живот за сите во Македонија”. Вашата идеја за едно општество за сите, со слобода, правда и еднаквост во неа, беше подржана од сите во земјата но и меѓународно.

Денес, после околу една година откако вие ја водите земјата, иако некои работи се подобрени, и понатаму слободата, правдата и еднаквоста не се меѓу нас.

Не дека корупцијата и организираниот криминал не се многу важни, но монтираните судски случаи, каде како последица невини луѓе можеби се доживотно затворени, се најболната рана на нашето општество.
Еден од овие случаи, каде доказите во целост се во спротивност со судската одлука, е случајот “Алфа”. Сега веќе целата јавност е убедена во невиноста на затворените, освен судот и обвинителството. Судот и обвинителството кое ги има осудено овие лица.

Господине Премиер,

Во име на невино осудените, во името на граѓаните на Македонија, во мое име, но најмногу во име на правдата, ВЕ МОЛАМ, овозможете повторување на судењето. Не бараме простување ниту милост. Сé што бараме е уште една можност за да се исправат грешките на минатиот режим. Ве молам да ја користите вашата позиција за да се донесе правда и еднаквост за сите исто. За да се донесе “Живот во Македонија”.

Мотото “Нема правда, нема мир” сéуште ечи во нашите уши!

Ви благодарам“ се вели во отвореното писмо на новинарката Лиридона Вејсели.

alfaZaev

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:1828/11/2025 - 15:50

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Катерина Ѓуровски14/10/2025 - 12:33

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен