Отворено писмо на Македонски Дипломатски Синдикат до Бујар Османи

Од:

Македонски Дипломатски Синдикат упати отворено писмо до министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Писното го пренесуваме интегрално

„Македонскиот дипломатски синдикат силно ги осудува сите форми на насилство, особено напади и оштетување на зградата на Министерството за надворешни работи. Дипломатијата во својата суштина е насочена токму кон надминување на насилството и решавање на недоразбирањата по мирен пат. МДС во континуитет се бори и залага за зачувување на угледот и дигнитетот на дипломатската професија, која ја сметаме како прв штит за заштита на државните интереси.

Во повеќе наврати укажувавме и ќе продолжиме да укажуваме на напластените проблеми, кои што ја обременуваат македонската дипломатија. За жал, раководството на МНР упорно останува индиферентно кон сите наши конструктивни забелешки во насока на издигање на дипломатските стандарди на ниво на земјите членки на ЕУ, каде што се стремиме да станеме членка.

Господине Османи, вчерашното соопштение на МНР, со кое што се алудира на вклученост на дипломати во „ширење на говор на омраза, извикување на навредувачки пароли и поттикнување тензии, како и насилство и насилничко однесување врз објектот на Министерството“, го сметаме за невистинито и крајно навредливо за секој еден дипломат во Република Македонија. Во овој контекст укажуваме:

1. Ниту еден дипломат нема учествувано во насилството пред МНР, ниту со било какво дело го нарушил угледот на дипломатијата. Доколку имате било каков доказ за вашите обвинувања, за било кој колешка или колега, дека учествувале во сквернавењето на зградата на МНР, бараме веднаш да покренете дисциплинска постапка, а ние како синдикат на дипломатите апсолутно ќе ве поддржиме во истото.

2. Основно уставно право и дел од вредностите на ЕУ се слободата и правото на јавно изразено мислење. Немојте да манипулирате со одредени спорни формулации од Етичкиот кодекс на МНР, кои оставаат простор за многу широко толкување и се оспорени пред Уставниот суд. Но, кога веќе се повикувате на Етичкиот кодекс, ќе ви укажеме да обрнете внимание на чл. 2. ст.2 според кој „Целта на примена“ на кодексот е пред се почитувањето на човековите права, еднаков третман и недискриминација на вработените“. Токму тоа, за што МДС најостро реагира до раководството и укажува во сите свои Соопштенија.

3. Крајно е време да престане користење на Етичкиот кодекс за вршење селективен притисок. За потсетување, пред само неколку години, повеќе наши колеги дипломати јавно учествуваа во насилни дејствија, целосно уништувајќи ја фасадата, ширејќи говор на омраза, извикувајќи навреди, поттикнувајќи тензии и прибегнувајќи кон насилничко однесување кон објектот на МНР, за што сеуште постојат видео записи. Истите овие лица, не само што не се санкционирани до ден денес, туку напротив, најголемиот број од нив се наградени со високи дипломатски позиции во странство и во куќата, вклучувајќи и амбасадорски и директорски места.

4. За крај, министрите се политички субјекти а дипломатија е професија и дел од животот. Министрите доаѓаат и си одат, а дипломатите остануваат рбет на македонската дипломатија. Нема да дозволиме злоупотреба на нашиот углед и ќе одолееме на сите притисоци спротивни на нашиот Устав и уставно загарантираните права за мирен протест и јавно искажана мисла“.

Би можело да ве интересира

Османи во Ријад на средба со Ал Сауд: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава како и пласман за нашите земјоделски производи на саудискиот пазар

Ана Ололовска

МНР ја осудува иредентистичката изјава на Костадин Костадинов

Горан Наумовски

Османи во Барселона, утре се гласа за членство на С. Македонија во Унијата за Медитеранот

Ана Ололовска

Османи ја презентираше првата фаза на проектот Е-КОНЗУЛАТ – нов полесен пристап до конзуларните услуги во странство

Ана Ололовска

Дипломатски синдикат: Трендот на елементарна јазична неписменост во кабинетот на Османи е во подем

Орце Костов

Македонка е полесно повредена во турканиците кои настанале по експлозијата во Истанбул

Катерина Павлова-Николовска